Стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на колеги од МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од Техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот минатиот петок, информираат од АД ЕСМ.
Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем, велат од ЕСМ.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на производство на АД ЕСМ, Благојче Трповски при посетата на РЕК Битола најавиле формирање на експертски тим од енергетските компании кој ќе ги дефинира чекорите за спречување на слични појави во иднина.
Во РЕК Битола продолжуваат и завршните активности за заокружување на процесот на т.н. нега на Блок 2 кој в недела треба да биде ставен во функција.
Поради пожарот, цел РЕК Битола е исклучен, продолжува влечење струја од европската мрежа