Вести Македонија Топ вести

Касами го исклучи Реџепи од БЕСА

Биљал Касами го исклучи Кастриот Реџепи од партијата. Касами на Фејсбук ја пренесе одлуката која стапува на сила веднаш.

„Кастриот Реџепи кој вчера не се појави во Собранието, за да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата и сериозно го наруши престижот на партијата. Движењето БЕСА, односно јас како лидер на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето БЕСА, го исклучувам горенаведениот член од сите партиски функции и член на Движењето БЕСА“, пишува Касами.

Кастриот Реџепи беше пратеникот поради кој не успеа иницијативата на ВМРО ДПМНЕ, за гласање недоверба на владата, на која и се приклучија Алијанса за Албанците и движењето БЕСА. На иницијативата беше потпишан Реџепи, но пред да почне собраниската седница, тој не се пиојави, поради што иницијативата го немаше потребното мнозинство и кворум за усвојување на дневниот ред. Реџепи не се појави цел ден во собранието, што предизвика бројни шпекулации во јавноста дека е киднапиран. Во полиција го пријави лидерот на БЕСА, Касами, но во истовреме Реџепи се појави на ФБ.

Во видео обраќање порача дека е на сигурно. Реџепи, во обраќањето вели дека зборува со чиста совест и се одлучил да ја одбере страната која е за ЕУ и НАТО, а не онаа со анти-албанците иако ден претходно се потпиша на инцијативата поддржна и од неговата партија во партнерство со ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за албанците, Алтернатива и Левица.

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе