Македонија Топ вести

Висок напон, причина за пожарот во трансформаторот на третиот блок на РЕК Битола

Висок напон од  електроенергетскиот систем го предизвика пожарот во трансформаторот на третиот Блок во РЕК Битола. Ова го покажуваат првичните наоди, информираат од Државните елекетрани, а блокот сѐ уште е надвор од производство. За да се спречат ваквите појави, менаџментот на ЕСМ најавува формирање на експертски тим од енергестките компании.

Стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на колеги од МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од Техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот минатиот петок, се наведува во соопштението од АД ЕСМ.

Комбинатот во моментот работи само со првиот блок. Од компанијата информираат дека завршува сервисирањето на вториот Блок и се очекува в недела да биде ставен во функција, и додадваат дека е зголемена динамиката на ископ на јаглен од нивните рудници.

Пожарот на трансформаторот на третиот Блок се случи минатиот петок еден час пред полноќ, а поради оваа хаварија се исклучи и првиот блок, со што неколку часа производството на електрична енергија во РЕК Битола целосно прекина. Овие дефекти во битолската Електрана се случуваат во период на енергетска криза и високи цени на електричната енергија на берзите, а за ублажување на последиците Владата на 9 ноември прогласи кризна сосотојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе