Алтернатива викендов ќе одлучува за натамошната позиција на партијата. Не откриваат дали ќе бидат дел од Владата. Единствен излез од политичката криза според нив се превремени избори или ново парламентарно мнозинство. При носењето на одлуката ќе ги земат предвид државните интереси и сите консултации со меѓународниот фактор. Стравуваат дека во ваква ситуација тешко дека ќе може да се донесе буџетот.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека само брзи предвремени избори и стабилна Влада е единственото решение за излез од политичката криза.
СДСМ е против предвремени избори, преговараат со пратеници за зголемување на парламентарното мнозинство а од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки бараат да се извини и да поднесе оставка за неуспехот околу обезбедувањето 61 глас за недоверба на Владата.
Левица повикува на радикализација на опозицијата и масовни протести .Неизвесно кои ќе бидат натамошните чекори и како ќе функционира Собранието.
Јулијана Пешевска