„Домашно со љубов“ – промоција на македонски производи во Веро
Понудата на „Домашно со љубов“ ја сочинуваат производи од широк асортиман, како што се најразлични млечни производи подготвени по традиционални рецепти и од најквалитетни суровини од чистите пасишта од различни региони низ земјава, како и вкусен домашен леб, кифлички и други житни производи.
Дел од понудата е и најквалитетна зимница од домашно производство и вкусни слатка и џемови, како и домашно пиво и вино кои се неодминлив детал на секоја трпеза. Во промотивниот период потрошувачите може да уживаат во домашни чаеви и природни сокови, како и во различни слатки и кондиторски производи на македонски производители.
Од Веро истакнуваат дека настанот „Домашно со љубов“ е дел од настаните поврзани со промоција на производи од различни земји од светот, како што досега тоа беше случај со Грција, Франција и Германија.
– Кога промовираме производи од различни земји од светот, не може да изостане промоцијата на нашите домашни производи. Македонија има многу препознатливи производи и брендови кои по квалитетот се на ниво на светскиот пазар, а во некои категории и над него, така што секој дополнителен стимул ги носи домашните производи на едно скалило повисоко. Ние во Веро имаме огромна доверба во домашните производители и добавувачи со кои градиме долгогодишен партнерски однос. Како компанија секогаш сме тука да ги поддржиме на секој начин со цел да им овозможиме уште подобар пласман и промоција на нивните производи пред потрошувачите, а со тоа да ѝ дадеме поддршка и на целокупната домашна економија – вели Петар Денковски, генерален директор на Веро.
„Домашно со љубов“ е настанот кој од 11 до 25 ноември се одржува во сите Веро маркети, во чиј фокус се производи на македонски производители кои ги спојуваат традицијата и врвниот квалитет на домашното производство. Овие производи им се достапни на потрошувачите по промотивни цени и со специјално креирани понуди, овозможувајќи нивна поголема видливост и пласман.
Со организацијата на овој настан, Веро уште еднаш ги потврдува своите заложби за поголема промоција на домашните производи и поддршка на домашното производство. Целосната понуда во Веро маркетите во најголем дел се темели на производи од домашно производство и на долгорочна соработка со локалните добавувачи, со што им дава неопходен стимул за развој на нивните бизниси.