Откако Апасиев го тргна потписот од списокот за доверба на владата, алтернативците објавија: сите нивни пратеници утре ќе гласаат за уривање на владата на Заев и Ахмети. Потписите на четворицата нивни пратеници беа дел од првичниот список од 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Беса и Левица. Но, пратеникот Скендер Реџепи одби неговиот потпис да стои до потписот на Димитар Апасиев од Левица.
Таа пречка, тој проблем е отстранет. Г-динот Апасиев го повлече својот потпис од иницијативата за недоверба на владата. Затоа денеска можам да ве информирам дека Алтернатива заедно со четирите пратеници, сите едногласно, унифицирани, заедно ќе гласаме утре за недоверба на владата, порача Гаши.
На прашањето, дали доколку утре владата не добие доверба, тие би биле дел од влада во која би биле и Левица, Гаши дипломатски избегна директен одговор. За него не се опција ниту предвремени парламентарни избори, туку смета дека нова влада треба да се изгласа од актуелниот собраниски состав.
Алтернатива во никој случај не мисли дека во оваа ситуација излез ќе бидат брзи предвремени избори. ние мислиме дека треба да се формира нова влада. какво мнозинство ќе има таа влада, кој ќе биде премиер, ќе видиме. низ процедури, кој ќе потврди кај претседателот пендаровски дека го има мнозинството и кој може да докаже дека ќе формира влада. ние мислиме дека во вакво време, во енергетска криза, во пандемија не би било добро во никој случај да се организираат избори. многу сме блиску и до отварање на преговорите со еу. затоа мислиме дека брзо треба да се формира нова влада, без разлика во кој состав, само е важно да го задржиме евроатлантскиот курс и добрососедските политики, порача гаши.
Гаши не сакаше да зборува ни за следните можни фази. Вели дека тие како партија ќе одлучат заедно врз кои принципи ќе преговараат со идниот мандатар и како ќе постапуваат во иднина.Засега вели, е најважно да се види дали ќе успеат во предизвикот, ДУИ да заминат во опозиција.
Далиборка Дамјанска Цветановска