Македонија

Гаши: Утре сите заедно и унифицирани ќе гласаме за недоверба на владата

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши изјави дека е надмината пречката и Димитар Апасиев од Левица го повлекол својот потпис на иницијативата за недоверба на влада. Додаде дека целта на Алтернатива не е предизвикување на предвремени парламентарни избори, туку формирање на нова влада, без ДУИ, која ќе го продолжи евроатлантскиот курс.

Имаше една пречка која за нас претставуваше еден супстенцијален проблем, сакаме да ве информираме дека таа пречка, тој проблем е отстранет. Г-динот Апасиев го повлече својот потпис од иницијативата за недоверба на владата. Затоа денеска можам да ве информирам дека Алтернатива заедно со четирите пратеници, сите едногласно, унифицирани, заедно ќе гласаме утре за недоверба на владата, порача Гаши.

Гаши порача дека Алтернатива нема да биде дел од ниту една влада која во својата програма нема јасно да ги има поставено евроатлантскиот курс и добрососедските политики.

Гаши негираше дека Алтернатива сака предвремени избори.

Не, во никој случај. Алтернатива во никој случај не мисли дека во оваа ситуација излез ќе бидат брзи предвремени избори. ние мислиме дека треба да се формира нова влада. какво мнозинство ќе има таа влада, кој ќе биде премиер, ќе видиме. низ процедури, кој ќе потврди кај претседателот пендаровски дека го има мнозинството и кој може да докаже дека ќе формира влада. ние мислиме дека во вакво време, во енергетска криза, во пандемија не би било добро во никој случај да се организираат избори. многу сме блиску и до отварање на преговорите со еу. затоа мислиме дека брзо треба да се формира нова влада, без разлика во кој состав, само е важно да го задржиме евроатлантскиот курс и добрососедските политики, порача гаши.

Не одговори директно дали би прифатиле да влезат во влада заедно со Левица, туку повтори дека би коалицирале само со партии кои би прифатиле курсот на идната влада да бидат евроатланскиот пат и добрососедската политика.

Гаши вели дека би било добро после 20 години да се случат промени во албанскиот блок и ДУИ да оди во опозиција. Вели дека граѓаните, особено Албанците, го бараат тоа, но Алтернатива може да направи само толку колку што можат четири пратеници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе