Едно лице почина во пожар во канцелариски простории на стовариште за градежен материјал во Куманово. Пожарот во населбата Средорек бил пријавен во 15 часот.
– На терен се упатија две екипи од противпожарната единица, со шестмина пожарникари зафатени биле канцелариски простории во кои живеело едно лице. Во пожарот настрадал човек кој се обидел да го гаси пожарот, но најверојатно дошло до задушување и човекот починал. Кога нашите екипи пристигнаа на местото, човекот беше веќе починат, изјави за МИА Дејан Илиевски, командирот на пожарникарската единица во Куманово.
Пожарот е локализиран и се привршува со негово гаснење.