Вести Македонија Топ вести

Муцунски го осуди вандализмот за оштетениот автомобил на претседателката на Град Скопје, Љубица Јанчева

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски го осуди вандализмот врз автомобилот на поранешната претседателка на Советот на град Скопје, Љубица Јанчева.

„Како градоначалник на Општина Аеродром и како граѓанин, пред сè, го осудувам вандалскиот чин кон госпоѓа Љубица Јанчева. Во нашата oпштина ова не смее да се случува. Досега неколкупати реагираме како општина до МВР во врска со нивното дејствување во Аеродром, слабите контроли и неприсуството на терен на полицијата, но не добиваме никаков одговор. Во мојата програма нема опции од една или друга страна, сите се исти и затоа работиме со сите сили за една поинаква општина на која сите ќе бидеме горди. Замолувам да не се политизираат ваквите вандалски случувања“, се вели во реакцијата на Муцунски.

Непознат сторител во текот на ноќта со градежен материјал кој служи за пополнување пукнатини ги прекрил хаубата и врата на автомобилот на Јанчева. Таа го праша новиот градоначалник Тимчо Муцунски, дали ова е чин на немоќ да се осигура безбедноста на граѓаните. Претходно нејзиниот автомобил бил изгребан со остар предмет, а исто така и биле избушени четирите автомобилски гуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Русија се нуди да го преземе збогатениот ураниум од Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе