Македонија

Кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов потврди дека е позитивен на коронавирусот

Кочанскиот градоначалник, Љупчо Папазов за Телма потврди дека добил позитивен резултат на ПЦР тестот кој утринава му беше направен во Кочани. Во попладневните часови бил амбулантски прегледан и му е направено снимање на томографот и во штипскиот Ковид центар. По прегледите не е задржан на болничко лекување.

Папазов пред два дена колабираше на прес-конференцијата пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ, а тогаш збиени еден до друг стоеа 42 градоначалници, а на неколку метри од нив беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Градоначалниците на прес-конференција беа без маски, а тогаш причина за колабирањето на Папазов беше дека тој не појадувал поради работните активности. Во текот на вчерашниот ден тој ја презеде функцијата градоначалник, во кабинетот имаше средба со поранешниот градоначалник  и со кочанските советници.

Но од денеска тој дефинитивно е на боледување и ќе ги координира работите од дома.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе