Вести Македонија

Браќа физички се пресметувале- паднала и крв од остар предмeт пред Општина Бутел

Неколку минути пред осум часот изутрина паркингот пред Општина Бутел бил арена на двајца браќа кои физички се пресметувале, а паднала и крв откако едниот од браќата со нож нагрнал врз другиот нанесувајќи му повреди во плешката и гребанци на главата.

Случајот е пријавен во МВР. Полицијата го привела 52- годишниот Љупчо Тасевски во полициската станица во Чаир, а Ацо Тасевски вработен во општина Бутел како инспектор во одделението за дератизација е пренесен со возило на итната медицинска помош во урегентниот центар во Скопје.

Причините се семејни зошто браќата кренале рака еден на друг, а според очевидците доколку случајните минувачи не го запрале разјарениот помал брат инцидентот ќе завршел фатално.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски за Телма информира дека го контактирал вработениот во болница и е вон животозагрозувачка состојба. Тасевски е вработен во општината повеќе од 15 години и отфрла било каква политичка поврзаност со несреќниот настан кој се случил на паркингот пред општинската зграда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе