“ТХП нема да соработува со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на Северна Македонија”, велат од Партијата за движење на Турците.
Оттаму додаваат дека будно ги следат политичките случувања кои можат да бидат исклучително значајни, но и фатални за иднината на земјата.
„Како сериозна парламентарна партија спремни сме да дадеме максимален придонес за надминување на оваа политичка криза. Но, Партијата за движење на Турците (ТХП) никогаш нема да соработува со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на Северна Македонија, а со своите радикални погледи и провокации разгоруваат етничка и религиска нетрпеливост. Воедно ги повикуваме сите политички субјекти и слободоумни граѓани да се дистанцираат од ваквите штетни политички активности.“ – се вели во соопштението на ТХП.
Од Партијата за движење на Турците велат дека ќе продолжат да се залаат за општество во кое хармонијата и еднаквоста ќе се во прв план, а државата со многу труд и поддршка на своите меѓународни пријатели ќе стигне до посакуваното членство во ЕУ.