Кочанскиот градоначалник, Љупчо Папазов за Телма потврди дека добил позитивен резултат на ПЦР тестот кој утринава му беше направен во Кочани. Во попладневните часови бил амбулантски прегледан и му е направено снимање на томографот и во штипскиот Ковид центар. По прегледите не е задржан на болничко лекување.
Папазов пред два дена колабираше на прес-конференцијата пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ, а тогаш збиени еден до друг стоеа 42 градоначалници, а на неколку метри од нив беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Градоначалниците на прес-конференција беа без маски, а тогаш причина за колабирањето на Папазов беше дека тој не појадувал поради работните активности. Во текот на вчерашниот ден тој ја презеде функцијата градоначалник, во кабинетот имаше средба со поранешниот градоначалник и со кочанските советници.
Но од денеска тој дефинитивно е на боледување и ќе ги координира работите од дома.