Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски во вечерашната Топ Тема избегна да одговори дали чувствуа одговорност за моменталната енергетска криза во државата. Вели дека секој што извршува функција сноси одоговорност, а тој извештај поднесува пред владата. Рече дека во Македонија се произведува електрична енергија во капацитети кои што се стари 40 години. Вели дека инцидентите и хавариите не може никој да ги предвиди, но не треба да бидат изненадување ако се земе в предвид дека гаранциите на производителите се 35 години.
Да, се вложува во нив, се инвестира, но не можеме да ги форсираме како што се форсирале во 2011, 2001, 1991 година. Во енергетиката 10 години е далеку, истрошеноста на материјалите е голема. По логиката на нештата, од технички аспект, РЕК Битола требаше да биде затворена 2015 или 2017 година, рече Ковачевски.
Во моментов капацитети кои што работат се првиот блок на РЕК Битола, Когенеративната гасна електрана во Скопје, хидропотенцијалот и ветерниот пат во Богданци. Ковачевски оцени дека ако пред десетина години биле направени потребните ревитализации и ремонти, РЕК Битола немаше да биде во ваква состојба.
Надвор од употреба ни се Блок 2 и Блок 3 во Рек Битола, Блок 2 е во сервисни активности и се очакува до крај на недела да биде ставен во функција. Блок 3 се работи на изгорениот трансформатор, екипите даваат позитивни сигнали. Исклучуваме човечки фактор, саботажа, намера, како што беа шпекулациите по медиумите, трансформаторот е стар, тие се градени заедно со блоковите и нормално не се во добра кондиција. тоа е хаварија а не планиран или непланиран застој, рече Ковачевски.
Директорот на ЕСМ рече дека по последната хаварија, односно пожарот на трансформаторот на тртиот блок во РЕК Битола, разликата морале да ја надоместат со набавка на електрична енергија.
Моравме да земеме енергија по хупекс цена, затоа што имавме хаварија, за недела, понеделник и вторник, а ако не ја набавевме преку тој систем ќе требаше преку европскиот систем за 50 проценти повисока цена. Имаме закупено капацитети до 21 ноември, онолку колку што треба. Во недела, на 14 или 15, недела спрема понеделник Блок 2 ќе биде во функција и очекувам дека со двата блока ќе ги задоволиме најголемиот дел од потребите на ЕВН хоум. А на 1 декември ќе стартува третиот наш капацитет, а тоа е Осломеј, посочи Ковачевски.
Ковачевски рече дека ќе го почека крајот на грејната сезона и извештајот на Управниот одбор за да се види види неговата одговорност и ќе поднесе оставка.