Министерот за економија Крешник Бектеши за сега не гледа конкретна одговорност за енергетската криза во директорорт на ЕСМ Васко Ковачевски ниту кај директорот на РЕК Битола.
Тој на неколку новинарски прашања одбегна да одговори каде лежи опдговорноста за енергетската криза напоменувајќи дека владата го задолжила Управниот Одбор на ЕСМ да испита какви мерки се преземени од страна на ЕСМ за решавање на енергетската криза и дали се работело според плановите, а одговорноста би се барала откако тој извештај ќе биде доставен до Владата.
-Мое лично мислење е дека има одговорност но најпрво да се справиме со енергетската одговорност, а потоа ќе реагираме за личната одговорност, изјави на прес конференцијата Бектеши.
Владата на денешната седница прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во траење од 30 дена.
-На 30-ти октомври Владата донесе уредба за критериумите, условите и мерките што се преземаат за прогласување кризна состојба со снабдувањето со електрична енергија. Кризната состојба е настаната поради временските и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот за енергија, изјави Бектеши.
Операторот на преносниот систем МЕПСО АД направил извештај за проценката на стабилноста на македонскиот електро-енергетски систем за последниот квартал на оваа година.