Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа се сретнал со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Собранието.
Од партијата брифираат дека средбата се одржала на барање на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Средбата ја потврдуваат и од ДУИ додавајќи дека била „информативна, за да се слушнат ставовите на господинот Мицкоски за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот со Бугарија.“
„Господинот Ахмети денеска имаше средба со господинот Мицкоски и на таа средба се разгледани главните програмски точки и дали во иднина можат да се поклопат тие на ДУИ со оние на господинот Мицкоски. Што се однесува за договорот од Преспа, го прифаќате или не? Новото име на државата, другото прашање е каква е визијата на господинот Мицкоски за проблемот со Бугарија, кој е клучен за да се отворат преговорите со ЕУ. Ова се точките кои отвораат можност за соработка со господинот Мицкоски или не, во иднина доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори“, велат од ДУИ.