Ковид19 Македонија

Американската влада обезбеди 3,1 милиони долари за македонските граѓани за вакцинација против Ковид-19 и спречување на ширење на заразата

Денес, Владата на САД најави нови 2,7 милиони долари помош за земјата за борба против КОВИД-19 преку УСАИД и потсети на неодамнешната донација во опрема и потрошни материјали во вредност од 400.000 долари наменета за Северна Македонија за истата цел. Со ова, од почетокот на пандемијата, вкупната помош од САД за Северна Македонија за справување со КОВИД-19 надминува 9,2 милиони долари.

Новата помош обезбедена преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) ќе биде реализирана во партнерство со Светската здравствена организација за натамошно јакнење на капацитетите на здравствениот систем за подготвено дочекување и одговор на кризи од типот на пандемијата на КОВИД-19 и обезбедување повисока стапка на вакцинација против КОВИД-19, како и безбедно изведување на самата вакцинална кампања. Со оваа помош, во соработка со УНИЦЕФ ќе се прошири прошири информативната кампања за ризиците од избегнување имунизација и потребата од вклучување на заедницата во функција на што повисока стапка на вакцинација против КОВИД-19; понатаму, ќе ги помогне активностите насочени кон менталното здравје и добросостојбата на здравствените работници кои се вклучени во справувањето со КОВИД-19; ќе помогне за зајакнување на капацитетите за водоснабдување, санитарните и хигиенските услови и мерките за превенција и контрола на заразата; и ќе овозможи правење важни анализи на податоци и проценки со цел ефикасно справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Донацијата на опремата од Европската Команда на Американсата војска, ќе помогне за одржување на студениот синџир потребен при процесот на вакцинација и се надоврзува на претходните донации на опрема и потрошен материјал за здравствените работници кои работат во првите редови во борбата против КОВИД-19 како и за помош при тестирањето и лекувањето.

Од почетокот на пандемијата, Владата ана САД континуирано ги поддржува УНИЦЕФ и СЗО во зајакнувањето на капацитетите на здравствениот систем на Северна Македонија за соодветен одговор на КОВИД-19 и за постигнување состојба на подготвеност за идни закани за здравјето и идни здравствени вонредни состојби. Помошта за националните здравствени власти за осмислување, следење и прилагодување на интервенциите за одговор против КОВИД-19 опфаќа обезбедување подготвеност за распоредување на човечките и сите други потребни ресурси на соодветните места за реализација на вакцинацијата, обезбедување безбедна и ефикасна испорака на вакцините против КОВИД-19, во што влегува и одржувањето на студениот синџир и дигитализацијата на системот за вакцинација, надзор, епидемиолошки истражувања, пронаоѓање на контактите и прилагодување на социјалните мерки и мерките во областа на јавното здравство. Подобрувањето на капацитетот за планирање, мониторинг, анализа, комунукација за ризици и вклучување на заедницата, како и обуката на здравствените работници, на националните и локалните лица за контакт и на партнерите за решавање на пошироките здравствени потреби на населението исто така претставуваат силна компонента од заедничките напори. Дополнително, програмите на УСАИД го помагаат и за одговор на КОВИД-19 во областите на економското опоравување, пружањето јавни услуги, демократија и владеење, медиуми и друго погодени од кризата од КОВИД-19.

Дополнително, програмите на УСАИД ги поддржаа напорите за справување со КОВИД-19 во многу области меѓу кои економско опоравување на земјата, унапредување на јавните услуги, демократските процеси и добро владеење, како и поддршка за медиумска писменост. Болестите на познаваат граници. САД се посветени на соработката со земјава во насока на ставање крај на пандемијата на КОВИД-19, ублажување на нејзините разорни социјални и економнски последици, како и градење на еден свет кој ќе биде по спремен, од било кога досега, за соодветен одговор на идни епидемии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе