На сајтот на Управен суд е објавена изреката за одлуката за тужбата на Беса против одлуката на ДИК да се прегласува во општина Желино на едно избирачко место.
Како што веќе објави Телма, во Желино нема да се организира прегласување бидејќи е прифатена тужбата на Беса и се потврдува победата на нивниот кандидат за градоначалник.
Токму ова избирачко место за кое се однесува одлуката на ДИК за поништување на вториот изборен криг, како и конечната одлука на Управен суд за да нема прегалсување беше причина за сериозна криза во владината коалиција.
Беса, односно тројцата пратеници ги ставија потписите на иницијативата за барање за доверба на владата собирани од опозицијата, и тој потег го оправдуваа со случувањата во Желино каде кандидатот на Беса го победи ривалот од ДУИ.