Вести Македонија

ССМ бара пратениците да ги усвојат законите за унапредување на работничките права

Сојузот на синдикати на Македонија бара од пратениците веднаш да ги усвојат сите законски решенија кои се заглавени во Собранието, а се однесуваат на остварување и унапредување на работничките права.

Бараат да се усвои законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со кое сите оние кои работат во дејностите каде не може да има застој во технолошкиот процес да им биде исплатена дневницата зголемена за минимум 50 проценти. Се бара и донесување на нов Закон за работни односи со кој ќе се решат проблемите со кои се соочуваат вработените како што се договорите на определено време, прекувремената работа, регресот за годишен одмор, работа од дома.

Поради зголемување на животните трошоци, ССМ бара и итно зголемување на платите, како и на минималната плата за најмалку 60 проценти од просечната плата.

– Доколку и понатаму пратениците останат глуви на нашите барања, ССМ ќе побара да се донесе одлука на највисоките органи и тела во сите синдикати здружени во ССМ за да се повика членството и сите работници на генерален штрајк, се наведува во денешното соопштение од ССМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Силјановска – Давкова: амандманите излобиран од бугарски европратеници се показател дека ЕУ има сериозен проблем со демократијата

Дејан Дејан

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе