РЕК Битола повторно не е во погон. Петочниот пожар на трафостаницата кој го исфрли од употреба третиот блок на подолг временски период, денеска е исклучен и првиот блок, единствениот кој работеше откако ноќеска се скинала цевка во котелот. Гасењето е планско за да може да се отстрани дефектот, соопштија ос ЕСМ.
„Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа“
Од ЕСМ додаваат дека очекуваат Блок 2, на кој се вршеше ремонт – повторно плански како што тврдат од комапнијата, да биде пуштен со работа и приклучен на мрежата до крајот на неделава. Кога Блок 3 ќе биде ставен во погон, по пожарот во петокот нема најава. Според нашите извори, најмалку еден месец овој блок ќе биде надвор од погон.
За дел од експертската јавност дефектите во РЕК Битола веќе се очекувани бидејќи не се обновува и вложува во капацитетите.
Точен датум кога ТЕЦ Осломеј, кој исто така се ремонтира, ќе биде пуштен во погон и кога ќе стигнат првите количини јаглен кои се веќе купени нема.
Од ТЕЦ Неготино пак соопштија дека сувите стартови се направени, двата блока сои вкупна моќност од 180 мегавати се исправни и централата е подготвена да почне со работа, единствен проблем е што располагаат со мазут кој е доволен за седум дена работа
Со глед на фактот дека во моментов домашните капацитети за произдство на струја се десеткувани и произведуваат далеку од доволно количество на струја ЕСМ во саботата купи доболнителни 4.560 мегавати струја за кои плати нешто над еден милион евра и ќе се испорача денес и утре. Во четвртокот пак купи 26 илјаги мегавати струја за сума од 5,5 милиони евра а испораката на оваа енергија која е наменета за домаќинстсва почна и ќе трае до 20 ноември.
За експертите едиствена опција во моментов за ублажување на кризата е увоз на струја.
МЕПСО продолжува да влече струја од европската енергетска мрежа за што ќе треба да се платат најмалку петнаесет милиони евра. Од седиштето во Женева веќе се испратени пет опомени, до крајот на месецот бордот на директори треба да донесе одлука дали и какви дополнителни казни ќе има. МЕПСО денеска повторно влече струја од оваа мрежа но со оглед дека станува збор за хаварија нема да има реакција од европските екергетски власти.
Комисијата составена од членови на енергетските компании и министерот за економија Крешник Бектеши, во петокот донесоа заклучок за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор и го доставија до Владата кој на утрешната седница ќе го прифати и ќе ја прогласи кризната состојба.
Огнен Чанчаревиќ