Вести Економија Најважни

РЕК Битола исклучена од мрежата, недостатокот продолжува да се покрива со презвемање од ЕУ мрежата

РЕК Битола повторно не е во погон. Петочниот пожар на трафостаницата кој го исфрли од употреба третиот блок на подолг временски период, денеска е исклучен и првиот блок, единствениот кој работеше откако ноќеска се скинала цевкаво котелот. Гасењето е планско за да може да се отстрани дефектот, соопштија ос ЕСМ.

Од ЕСМ додаваат дека очекуваат Блок 2, на кој се вршеше ремонт – повторно плански како што тврдат од комапнијата, да биде пуштен со работа и приклучен на мрежата до крајот на неделава.  Кога Блок 3 ќе биде ставен во погон, по пожарот во петокот нема најава.

За дел од експертската јавност дефектите во РЕК Битола веќе се очекувани бидејќи не се обновува и вложува во капацитетите.

Точен датум кога ТЕЦ Осломеј, кој исто така се ремонтира, ќе биде пуштен во погон и кога ќе стигнат првите количини јаглен кои се веќе купени нема.

Со глед на фактот дека во моментов домашните капацитети за произдство на струја се речиси десткувани и произвадуваат далеку од доволно количество на струја ЕСМ во четврокот купи 26 илјаги мегавати струја за сума од 5,5 милиони евра а испораката на оваа енергија која е наменета за домаќинстсва почна и ќе трае до 20 ноември.

Едиствена опција во моментов за ублажување на кризата е увоз на струја.

МЕПСО продолжува да влече струја од европската енергетска мрежа за што ќе треба да се платат најмалку петнаесет милиони евра. Од седиштето во Женева веќе се испратени пет опомени, до крајот на месецот бордот на директори треба да донесе одлука дали и какви дополнителни казни ќе има. МЕПСО повторно влче струја од оваа мрежа но со  оглед дека станува збор за хаварија нема да има реакција од европските екергетскио власти.

Од Комората за енергетика бараат за фирмите да се укинет данокот од 18 отсто за електричан енергија.

Комисијата составена од членови на енергетските компании и министерот за економија Крешник Бектеши, во петокот донесоа заклучок за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор и го доставија до Владата кој на утрешната седница ќе го прифати и ќе ја прогласи кризната состојба.

Надлежните уверуваат дека рестрикции за домаќинствата нема да има.

Огнен Чанчаревиќ 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе