Четврток во 11 часот е терминот кога треба да почне седницата на Собранието за разгледување на иницијативата за гласање за доверба на владата и на премиерот Зоран Заев.
Иницијативата денеска ја поднесе опозициониот блок составен од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса на Албанците/Алтернатива и Левица на која се приклучи и Беса која во моментот е партнер во владата преку министерот Аријанит Џафери.
Иницијативата е побарана со потписи на 61 пратеник, собрани во петокот.
По поднесувањето на иницијативата, спикерот Талат Џафери има рок од три дена да ја свика седницата по што одлуката падна расправата да биде во четврток, на последниот ден од рокот.