Во тешка состојба, на кислородна поддршка пред три дена е примен 35 годишниот маж од Берово со Даунов синдром. Битката со коронавирусот ја изгуби во исти ден со 38 годишниот штипјанец. Началничката на Инфективното одделение за Телма вели дека штипјанецот немал посериозни здравствени проблеми, бил вакциниран, постојано бил под надзор на лекарите, а починал од белодробна емболија.
Лекарите алармираат и се загрижени што се намалува старосната граница, а болниците се полнат со помлади пациенти. Последните податоци од Центарот за јавно здравје покажуваат дека од позитивните на вирусот една третина се од 20 до 49 години, а високи 11 % отпаѓаат и на млади од 10-19 години.
Се полни со пациенти штипскиот ковид центар, каде што слободни има само шест болнички кревети. Последните денови кислородот се троши, бидејќи постојана кислородна поддршка добиваат околу 80 отсто од хоспитализираните пациенти.
Викторија Јованова