Македонија

Во скафандери и посебни кабини, тројца пратенци в четврток ќе гласаат на седницата за недоверба на Влада

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелинка Петкова се во изолација, но се очекува дека во четврток да дојдат во Собрание на седницата по поднесената Иницијативата за изгласување недоверба на Владата. Покрај нив, во изолација е и уште еден пратеник од Алијанса за Албанците.

Тројцата пратеници ќе присуствуваат на седницата согласно Протоколот што беше донесен од Комисијата за заразни болести и беше применет во Собранието во април годинава.

Пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ во април дојдоа во Собранието со скафандери за да го гласаат петтиот пакет економски мерки за справување со пандемијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе