Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077. Оздравени се 190.806 пациенти, а починале 7.232 лица. Бројот на активни случаи е 8.039.
Согласно последниот извештај на Министерството за здравство, најмногу новозаболени има во Скопје, потоа Битола, Прилеп, Куманово и Штип.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 236 оздравени пациенти, а починале 14 лица.
Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на Ковид-19.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.