Вести Македонија

Никако да се придвижи истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово

Веќе два месеца нем сведок на трагедијата во која животот го загубија 14 лица е опожарениот објект на модуларната болница во Тетово. Изгорениот инвентар е на истото место, како и на денот по пожарот. Пристапот е ограничен, затоа што се уште се присутни лицата од службата за обезбедување.

Семејствата на загинатите и јавноста чекаат одговори, што се случило вечерта на 8-ми септември и како изгоре болницата за неколку минути.

Одговорност денес побараа од граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“.

Во Основното јавно обвинителство во Тетово десега се сослушани дел од сведоците кои биле повикани, но и лица кои сами се пријавиле. Исказ треба да дадат и од менаџментот на болницата. За да одлучат кои ќе бидат следните чекори во постапката, обвинителите ги чекаат најважните вештачења, на германските истражители за пожарот и на Технолошкиот факултет за градбата.

Се очекува во обвинителството да пристигнат извештаите од наредените вештачења, меѓу кои и вештачењето од експертите од Република Германија. Откако ќе се приберат материјалните и вербални докази, обвинителите ќе ги разгледаат и анализираат, ќе биде утврдено дали и каде постои кривична одговорност,  по што ќе биде донесена и одлука за натамошниот тек на постапката.                                          

Досега беше објавен само извештајот на МВР, според кој со вештачењето било утврдено дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби.

Данијела Билбилоска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе