Вести Економија

Горивата поевтинуваат за половина денар

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,5 денари за литар, а 78,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50 денари, а новата цена на екстра лесното масло за домаќинствата е 66,5 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денари и килограм ќе чини 41,445 денари.

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 процент во однос на утврдените цени пред една недела.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,637 проценти, кај дизелот за околу 2,055  проценти, кај екстра лесното масло за 2,660  проценти, а кај мазутот за околу 2,234  проценти. Курсот на денарот во изминатиот седумдневен период е за околу 0,146  проценти повисок од курсот на доларот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе