Македонија

Наместо расплет в четврток може да нѐ очекува нов заплет на политичката ситуација – дебата во Топ Тема

Две групи на аргументи кои посочуваат дека ќе биде произведен нов заплет на политичката ситуација, оценува универзитетскиот професор Александар Спасеновски во вчерашната Топ Тема на Телма.

Првата група аргументи се поврзани со постапките на опозицијата, која денеска ја поднесе иницијативата до Собранието за излгасување недоверба на владата. Додека пак втората група се поврзани со одговорот на владејачките партии, веднаш потоа излезе претседателот на СДСМ со статус на фејсбук во кој што најави политичка борба до четврток. Наспроти позициите на двете големи коалиции, тука се важни и малите играчи поради тесното парламентарно мнозинство со кое располага владата или малиот број на пратеници кои застанаа зад иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, вели Спасеновски.

Според универзитетскиот професор Сефер Тахири во моментов имаме политички систем во криза, затоа што имаме парламентарно мнозинство кое нема мнозинство, а од друга страна имаме обид на опозицијата да создаде ново мнозинство.

Многу е важен денешниот момент, изјавата на пратеникот Скендер Реџепи, кој изјави дека по ниедна цена неговиот потпис нема да биде во списокот на пратениците кои што би ја рушеле, условно кажано, владата на Заев. Битно е да се каже дека и по потпишувањето на пратениците од Алтернатива, од друга страна имаме и опција тие да се приклучат на старото парламентарно мнозинство, на СДСМ и ДУИ. За сега ставот е дека не ја менуваат нивната позиција, односно дека сакаат да изгласаат недоверба, оцени Тахири.

Тахири смета дека и покрај тврдите изјави на пратеникот Реџепи, после денешниот став на партиското раководство, тој ќе се приклучи кон списокот на пратениците кои бараат недоверба на владата.

За поранешниот генерален секретар на Собранието, Александар Новаковски, несериозно е да не постои никаква координација меѓу главните политички партии, да не се седне на маса, туку да се тактизира и надмудрува.

Кога веќе се поднесува оставка од таква функција, како претседател на Влада и на партија, мислам дека можеше да се изнајде начин за да се договорат идните чекори, како да се излезе од кризата. Сметам дека до четврток разрешница ќе нема, рече Новаковски.

Новаковски вели дека постојат повеќе варијатни. Според првата, ако се изгласа недоверба, тогаш владата во рок од 24 часа ќе мора да си поднесе оставка. Вели дека има и друга варијатна, ако се достави барање до Собранието Владата сега да поднесе оставка, што пак ќе доведе до ситуација Претседателот на Собранието да одлучува по кое барање ќе постапи, што пак ќе предизвика блокада на Собранието.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова по средбата со Кошта: За нашиот предлог за уставни измени со одложено дејство вели дека е извонредно конципиран, но Бугарија не го прифаќа

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Недостасуваат лекари за физикална рехабилитација на повредените во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе