Вести Македонија

Иван Џолев избран за в.д. претседател на кривичен суд, добил најдобри оценки

Мандатот му истече на досегашниот претседател на кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев, но сега доби втор, како вршител на должност.  Едногласно го изгласаа сите членови на судскиот совет надлежен за именување на судии и претседатели на судови во земјава. Во трка со него биле и судиите Ивица Стефановски и Пајазит Пајазити кои имале исто така добри оценки, но претседателот бил најдобар.

Законот за судови е јасен. Ве де претседател ќе биде оној кој е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на останатите судии има добиено најголем број бодови. Според опозициската ВМРО ДПМНЕ ова правило не е испочитувано, и џолев е избор на актуелната власт.

Инаку кривичниот суд е местото каде се водат најголемите постапки против поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ но и други предмети од особен интерес на јавноста. џолев пак поради презафатеност немаше време да го искоментира изборот. Оглас за нов прдседател судскиот совет ќе распише наскоро.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе