Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, доби овласување од членовите на Централниот одбор на партијата за да продолжи да разговара со политичките партии од двата блока, освен како што посочија, оние кои се против евроатланските интеграции, по развојот на настаните на политичката сцена. На денешниот состанок на највисокото тело на партијата, кој се одржа во Тетово било разговарано првично кои се интересите на граѓаните и интересите на државата, по што беше изнесен партискиот заклучок дека продолжувањето на евроатланскиот курс на државата е без алтернатива, како и реализацијата на важните проекти.
Едногласно Централниот одбор го овласти претседателот Ахмети да продолжи да разговара со сите политички партии за да како важен и одлучувачки фактор после парламентарните и локалните избори со цел да се задржи овој прогресивен пат и овој евроатлански курс на државата при тоа разговарајќи со сите политички партии со двата блока освен тие што се против овој евроатлански курс, против стратешките интереси на граѓаните и државата, изјави Бујар Османи.
Лидерот Али Ахмети изјави дека не е загрижен од случувањата со опозицијата, при што истакна дека лажна информација е дека пратеници на ДУИ ќе бидат дел од новото парламентарно мнозинство.
Не сме загрижени со ситуацијата со опозицијата. ДУИ е партија со голем кредибилитет и приоритет се државните интереси пред партиските. Целта на оваа средба е како да се зачува државата. Не е точно дека со пратеници на ДУИ се најавува зголемување на мнозинството, ДУИ е целосна и комплетна
Од ДУИ велат дека сите опции се на маса за решавање на ситуацијата во која се наоѓа државата по локалните избори и нивните анализи и разговори продолжуваат.
Данијела Билбилоска