На покана на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во официјална посета на Северна Македонија престојува албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши.
Шекеринска и Пелеши во Министерството ќе разговараат за унапредување на билатералната одбранбена соработка, улогата на двете земји – членки на Алијансата во зацврстувањето на регионалната стабилност и безбедност како и унапредувањето на колективната одбрана во рамките на Алијансата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.