Вести Економија

Бектеши тврди дека во Македонија ќе се произведува 3 до 4 пати поефтина струја отколку што се продава на берзите

-Од домашно производство производната цена на електричната енергија изнесува од 56 до 70 евра за мегават час, додека цената на струјата на берзите е 200 евра за мегават час. Со мерките кои ги носиме се грижиме за граѓаните и домаќинствата и за малите потрошувачи да нема зголемување на цената на струјата, рече министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за Сител.

Бектеши повторно тврди дека нема да има ниту зголемување на цената на струјата за граѓаните, ниту ќе има рестрикции затоа што во моментов нема проблем со снабдување на електрична енергија. Уредбата за прогласување кризна состојба е донесена за да може да се помогнат финансиски државните енергетски компании.

-Кризната состојба во енергетскиот сектор ќе биде прогласена за да можеме како Влада директно да вбризгаме средства од буџетот за ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност. За таа цел ја ги направивме и измените во Уредбата за прогласување на кризна состојба за да може да се префрлат средства за енергетските компании. Од Министерството за финансии се обезбедени околу 100 милиони евра за да може директно да се интервенира во овие две компании за да може МЕПСО да ги покрие долговите кои ги има, а ЕСМ да обезбеди јаглен за производство на електрична енергија, кажа министерот Бектеши.

За да се спречи енергетско осиромашување на најранливите граѓани се подготвува државна помош за нив.

-Во моментов се подготвува нова Програма за ранливите категории на граѓани кои добиваат ваучери од 1000 денари за енергетска сиромаштија, а со оваа програма им се помага на 35 илјади домаќинства во нашата држава, за нивно зголемување, како и директно да влијаеме на оваа група на граѓани, изјави министерот Крешник Бектеши.

Сепак енергетската криза е тука поради големите ценовни шокови на берзите на струја, а решението за надлежните е во тоа што Економија ќе побара од Владата на следната редовна седница да биде прогласена енергетска кризна состојба.

Утре пак РЕК Битола и ЕСМ треба да одберат продавач од кој ќе купат јаглен за засилување на производството на енергија во термоцентралите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Министерството за здравство, сепак, останува во „Вреди“?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе