Мелодичниот шпански јазик, одличното сценарио, професионалниот кастинг се само дел од атрибутите на телевизиската серија од Доминиканската Република, „Рубироса“, кои создадоа забавно и „заразно“ дело кое за краток период направи бум во гледаност на национално ниво. Но, биографското дело за животот на доминиканскиот плејбој и вечно осомничениот шпион Порфирио Рубироса влезе и во домовите на гледачите ширум светот, меѓу кои и на македонските гледачи кои есенва уживаат во оваа серија на телевизија Телма.
Доминиканската филмска индустрија повеќе пати успеа да докаже дека никако не смее да се потцени. По сите светски и европски критериуми за продукција и режија, повеќе децении наназад филмската индустрија во Доминикана е подеднакво активна како и конкурентите од останатиот дел на американскиот континент. За квалитетната понуда и успесите сведочи и биографската трилогија за животот на Порфирио Рубироса, тв серија во која од неодамна ужива и македонската публика на телевизија Телма. Маноло Кардона популарен актер од Колумбија, кој го толкува главниот лик и неговите режисери Хуго Родригез (Аргентина) и Карлос Морено (Колумбија) се главните „виновници“ за одлично раскажаната животна приказна на Рубироса, латиноамериканскиот херој со возбудлива животна приказна.
Серијата „Рубироса“ премиерно на Телма се прикажува секоја сабота, во 20:10 часот.