Дали ќе има избрана компанија од која Македонија ќе набави јаглен ќе се знае во четврток.
Денеска истекува рокот на повикот за набавка на 900 илјади тони јаглен, за активирање на третиот блок во РЕК Битола.
Нема информација колку фирми и од каде се јавиле на повикот. Но ако и овој пат ЕСМ не успее да го обезбеди потребниот јаглен, министерот за економија Бектеши посочи дека ќе има нова средба со претставниците на енергетските компании. Не ја исклучи и можноста од увоз на струја.
За зголемување на домашното производство освен рек битола, во функција ќе се стави и ТЕЦ Осломеј, а наскоро ќе се распише и повик за набавка на мазут за тец неготино.
Во меѓувреме недостигот од електрична енергија се покрива со влечење струја од меѓународните мрежи за што веќе стигнала и петта опомена.