Најдобриот македонски судија Александар Ставрев е делегиран да ја дели правдата на натпреварот од 4. коло во Лига Европа меѓу Генк и Вест Хем што ќе се одигра на 4. ноември.
Дејан Костадинов и Куштрим Лика ќе му бидат помошници на Ставрев, а четврти судија ќе биде Дејан Јакимовски.
Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски и во оваа рунда ќе биде организациски директор на дуелот од Лигата на шампионите во кој се среќаваат Милан и Порто, а истата функција на средбата Зорја – ЦСКА Софија ќе има Жарко Игњатовски.
ФОТО: Игор Паневски