Македонија

Опoзициските советници ја напуштија седницата на Советот на Општина Штип

Свечена конститутивна седница на Советот на Општина Штип денеска имаа само 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден на Левица, додека деветмината советниците од опозициската СДСМ ја напуштија седницата.

На првата седница мнозинството и опозицијата ги скара писмената свечена изјава, на којашто наместо да стои уставното име на државата Република Северна Македонија, стоеше Република Македонија.

Маријана Рогожарска-Поповска, советник од СДСМ истакна дека не треба да се оди против Уставот и побара правно толкување од службите.

Откако мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ им го одбија барањето тие ја напуштија седницата.

Свечена изјава дадоа 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден на Левица, онака какошто службите им ги подготвиле со Република Македонија.

Мнозинството советници без присуство на опозицијата денеска за претседател на Советот на Општина Штип ја избираа Весна Карагунова-Кожинкова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе