Вести Економија

Запре железничкиот сообраќај, машиновозачите бараат исплата на вториод дел од септемвирска плата

Празни перони и пруги, целосен прекин на товарниот и патничкиот железнички сообраќај уште во раните утрински часови е сликата на Железничката станица во Скопје. Првиот воз кој требаше да тргне во 7 часот утринава на релација Скопје – Велес е откажан. 160 машиновозачи, нивни помошници, маневристи и кондуктери се одлучија на бојкот кој ќе трае се до исполнување на единственото нивно барање за исплата на вториот дел од септемвриската плата, вели Чакаровски.

  • Додека не ни се исплати вториот дел од септемвриската плата ние своите работни обврски нема да ги завршуваме. И напомена за наредниот месец доколку до 25 не ни се исплати во целост  платата за октомври на 26 ако е работен ден, првиот работен ден значи после 25 повторно во 7:00 ова ќе се случи и нема да ги извршуваме своите работни обврски, вели Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал

Бараат итна средба во Министерството за транспорт и врски за конечно да се реши проблемот за кој во континуитет се замижува.

  • Не повика Управен одбор, менаџерскиот тим за да не замоли да се стрпиме до петок бидејќи немале пари на сметка. Ние им кажавме дека ќе им пренесеме на колегите, па колегите како ќе одлучат така, изјави Тони Димовски, Синдикат на СММ

До овој момент нема пристигнато барање за таква средба, велат од надлежното министерство.

  • Министерството за транспорт и врски ја следи состојбата и во текот на денешниот ден се исплатени 5,2 милиони денари од буџетот на министерството на име покривање на загуби за патнички сообраќај.  Годинава во буџетот се предвидени 380 милиони денари за покривање на загубите, а до сега се исплатени 321 милион денари за оваа намена.

Телма се обиде да стапи во контакт со Аднан Азизи,  директорот на Македонски железници траснспорт, но до овој момент тој не одговори на нашите повици.

Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше на почетокот на август поради неисплатен втор дел од платата за јуни. Веднаш по исполнувањето на барањето претставниците на машинскиот персонал го прекинаа бојкотот, но најавија повторни блокади доколку не се реализира и обврската за исплатата на платата најдоцна до 25-ти во месецот.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангеловска-Бежоска: Макроекономската стабилност е зајакната, но потребни се структурни реформи за одржлив раст

Дејан Дејан

Земјотресот со јачина од 6,1 степен ги погоди грчките острови Родос и Касос, а беше почувствуван и на Крит- предупредување за можно цунами

Дејан Дејан

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе