Вести Македонија Топ вести

СДСМ треба да бира нов лидер

Седум месеци откако членството на СДСМ го реизбра Зоран Заев за лидер, се соочува со нови внатрепартиски избори. Одлуката за распишување избори за претседател ја донесува Извршниот одбор најдоцна 15 дена по престанокот на функцијата. Лидерот се бира на непосредни избори, со тајно гласање на сите пријавени членови. До конечноста на изборот, Заев останува лидер.

По синоќешната усмена оставка, партијата денеска не соопшти дали е доставена и писмена оставка и кога би заседавал Извршниот одбор. Дел од аналитичарите го поздравуваат понесувањето одговорност за изборниот пораз, иако се согласуваат дека тоа би било поочекувано доколку се работи за парламентарни избори.

Поранешниот пратеник Илија Димовски се сомнева дека Заев има намера целосно да го повлече своето влијание врз партиските одлуки.

Многумина ја лоцираат одговорноста на лидерот во неговиот кадровски избор. Одлуката на СДСМ да не го кандидира повторно Максим Димитриевски за градоначалник на Куманово, доведе до внатрепартиска криза во која губитник е СДСМ, Димитриевски освои уште еден мандат а ја изгуби партиската книшка.

 Зоран Заев ја води партијата од 2017 година.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој ќе го наследи Мустафа во Судски?

Дејан Дејан

Полесни услови за полициски директор и началници, повторно се брише полициска станица Бит Пазар- предлог законот стигна во Собрание

Дејан Дејан

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе