Вести Македонија Топ вести

ДУИ: Имавме фер, мирни и демократски избори

Иборите повторно беа мирни, фер и демократски избори а граѓаните покажаа демократска зрелост, оцени Бујар Османи.

Во оваа кампања ДУИ ја имаше најкреативната понуда, наметна еден нов наратив, нова политичка мисла а тоа е зелената агенда, но сме во очекување на резултатите, рече Османи.

На прашањето зошто граѓаните од другите националности од скопските општини не се особено мотивирани да гласаат за градоначалник на Град Скопје, Османи оцени дека за тоа допрва треба да се прават анализи.

Мислам дека граѓаните беа охрабрени од мирниот тек на изборите од првиот круг, потоа имаше поларизација на полтичката сцена и во мак и алб блок а тоа секогаш ги поттикнува и мобилизира членовите и симпатизерите, но и граѓаните во целина. Генерално мисламд ека имаше добар одзив, оповеќе или помалку во зависност од спецификите на секоја општина, рече Османи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе