Економија

Државата ќе мора да инвестира во акумулациони системи

Државата ќе треба да ги обнови акумулациите и да се погрижи за соодветно складирање на водата од врнежите бидејќи не очекуваат години со долги сушни периоди. Во Југоистокот има дваесетина мали брани изградени пред 50 години за потребите на земјоделството но или се запуштени и исушени, или се узурпирани од локални можници и претворени во приватен имот и рибници.

Долг период на суша па неколку денови интензивни врнежи. Експертите велат дека според она што се случува последните неколку години можно е да настапи поместување на врнежите кое ќе бара и поинакво користење и складирање на водата. Универзитетскиот професор Душан Спасов вели дека државата ќе мора да инвестира во акумулациони системи. Реконструкција на постојните и изградба на нови.

Акумулациите ќе го решат проблемот со наводнување кога настапува голема суша, а земјоделските култури бараат редовно наводнување.

Полето во струмичко се уште е со голема влажност поради врнежите кои траеја повеќе од една седмица. Ова е особено поволно овој период кога нивите се подготвуваат за есенската реколта

Во југоисточниот регион има тдваесетина мали акумулации, изградени во 70 тите години на 20 век за потребите на земјоделството. Сите се заборавени или узурпирани од локални бизнсисмени кои ги претпвориле во приватни имоти и рибници.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Индустриското производство со раст од 9,4% во мај

Дејан Дејан

Фајнанс тинк: Амбициозен е проектираниот раст на даночните приходи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе