По смената на Роналд Куман, Барселона за нов шеф на стручниот штаб го именуваше Серџи Бархуан. Поранешната клупска легенда ќе има статус на привремено решение и се шпекулира дека на клупата на Каталонците ќе остане до ангажирањето на уште еден некогашен капитен, Чави.
Четириесет и девет годишниот Серџи на тренерската функција доаѓа од позицијата шеф на струката во Б тимот на Барселона. Серџи е една од многуте клупски легенди кој девет години го носеше дресот на клубот од Ноу Камп, а беше и дел од репрезентацијата на Шпанија.
Како тренер имал ангажмани во Рекреативо Хуелва, Алмерија, Мајорка, а две сезони беше и тренер во кинескиот прволигаш Жие Јианг.
Серџи ќе има статус на привремено тренерско решение се додека поранешниот капитен Чави не добие солгасност од својот клуб Ал Сад да се врати во Барселона.