Економија

Прв супер маркет со самонаплата -отворени Супер Тинекс и Космо во Ист Гејт Мол

Во склоп на новиот трговски центар East Gate Mall компанијата Тинекс ги отвори вратите на две нови продавници, супермаркетот Тинекс и парфимеријата Космо.

Супермаркетот Тинекс е на површина од 2000м2 и е со нов концепт – комбинација од Тинекс маркет и Деликатесен Тинекс, што го прави прв од ваков тип на супермаркет на компанијата. Во Супер Тинекс е достапен широк асортиман од над 30.000 производи, од домашно потекло и производи од увоз, со што потрошувачите ќе имаат можност да вкусат прехранбени производи и пијалаци од различни краеви од светот. Производите се поставени по светски стандарди, видно означени, за лесна и брза достапност.

Во рамки на супермаркетот има различни оддели како пиљара со богат избор на свежо сезонско овошје и зеленчук, како и јужно и егзотично овошје, органски производи, месарница снабдена со свежо телешко, јунешко и свинско месо, месни преработки, оддел за зреено месо, ексклузивна винарија, пекара во која ќе се подготвуваат свежо печени леб и бели печива, рибарница со голем избор на морски плодови и риби како и оддел со декорации и опрема за домот.

Супермаркетот е израден по светски стандарди од најквалитетни природни материјали и претставува едно поинакво шопинг искуство за сите кои уживаат во пазарењето.  Елегантниот, модерен и софистициран ентериер го прави маркетот да биде совршено место за пазарење каде што потрошувачите ќе може да ги купат омилените прехрамбени производи и пијалаци.

Како новитет, за прв пат во Македонија и единствено во Супер Тинекс Ист Гејт Мол за потрошувачите ќе бидат достапни и каси за самoнаплата на кои брзо, лесно и сигурно во само 3 чекори ќе може да се купат посакуваните производи. Со оваа иновација Тинекс ги доближува потрошувачите до светските начини на пазарење и им овозможува да искусат нешто ново, иако во светот, пазарењето на ваков начин е голема пракса.

Со отворањето на овој супермаркет Тинекс обезбеди 60 нови работни места

Како втор концепт на компанијата Тинекс во Ист Гејт Мол  е луксузната продавница Космо со продажен простор од 300м2 на кој се изложени познатите мириси на парфемските куќи, niche брендови, селективна, декоративна и органска козметика и ексклузивен накит од најпознатите шпански и италијански дизајнери.

Парфимеријата Космо е најуникатката продавница за убавина во Скопје со над 10.000 производи. Префинетиот, софистициран и елегантен изглед ја прават Космо продавницата да биде уникатно место за убавина на современиот потрошувач, место каде што ќе може да се купат сите омилени производи за нега и убавина. Со отворањето на новата Космо парфимерија се обезбедени 10 нови работни места.

По повод отворањето на новите продавници во Тинекс и Космо се подготвени многу атрактивни акции, промоции и изненадувања за сите потрошувачи, а ексклузивно за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот, ќе бидат организирани специјални понуди.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе