Спорт Фудбал

КОНМЕБОЛ ќе го бојкотира Светскиот куп

Јужно-американската фудбалска конфедерација објави дека нејзините членки вклучувајќи ги Бразил и Аргентина ќе го бојкотираат Светскиот шампионат доколку ФИФА донесе одлука тој да се одржува на секои две години.

“Не гледаме причина зошто би ја поддржале промената предложена од ФИФА. Тоа е негирање на една традиција која трае скоро 100 години. Сегашниот модел се покажа како успешен и од тие причини членките на КОНМЕБОЛ се против еден ваков предлог”, пишува соопштението.

КОНМЕБОЛ и се приклучи на УЕФА во намерата да го бојкотира евентуалниот Светски шампионат што би се одржал на секои две години, а против идејата на ФИФА се Интернационалниот олимписки комитет, голем број на асоцијации на фудбалери и тренери, а дел од националните асоцијации најавија дека ако оваа одлука се официјализира тогаш тие ќе ја напуштат Светската фудбалска организација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе