Економија

РЕК Битола произведува струја од два блока

РЕК Битола работи со две третини од капацитетот откако денеска на електрична мрежа покрај првиот блок е вклучен и третиот. Вториот блок е надвор од системот, но од комбинатот велат дека нема дефект, туку се чека јаглен за што е распишан јавен тендер.

Од денеска РЕК Битола произведува струја до два блока, додека за третиот се очекува набавка на јаглен.

Засега од комбинатот не откриваат колкави количини на јаглен има во депонијата на РЕК Битола. Велат дека засилен е ископот во рудникот за да се обезбеди стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата.

Откако претходниот тендер пропадна затоа што никој не понуди количини кои ги бараше РЕК Битола, на 23 октомври е објавен нов повик за набавка на 900.000 тони јаглен, кој трае до 2 ноември, кога ќе бидат отворени понудите.

Доколку се набават потребните количини третиот блок ќе се вклучи во производство на струја која ќе биде наменета за стопанството и институциите, со што ќе им се овозможи да се снабдат со електрична енегија по пониски цени од оние кои се на берзите, информираат од Државни електрани.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе