Економија

Отворање на Тинекс и Космо во East Gate Mall 29ти октомври

Компанијата Тинекс на 29ти Октомври во East Gate Mall ги отвора вратите на две нови продавници. Супермаркетот Тинекс е на површина од 2000м2 и е со нов концепт – комбинација од Тинекс маркет и Деликатесен Тинекс, со што ќе биде прв од ваков тип на супермаркет на компанијата.

Во Супер Тинекс ќе биде достапен широк асортиман од над 30.000 производи, од домашно потекло и производи од увоз, со што потрошувачите ќе имаат можност да вкусат прехранбени производи и пијалаци од различни краеви од светот.

Во рамки на супермаркетот ќе има различни оддели како пиљара со богат избор на свежо сезонско овошје и зеленчук, како и јужно и егзотично овошје, органски производи, месарница снабдена со свежо телешко, јунешко и свинско месо, месни преработки, оддел за зреено месо, ексклузивна винарија, пекара во која ќе се подготвуваат свежо печени леб и бели печива, рибарница со голем избор на морски плодови и риби како и оддел со декорации и опрема за домот.

Како новитет во Македонија, Тинекс за прв пат за потрошувачите ќе постави каси за самoнаплата на кои потрошувачите брзо, лесно и сигурно во само неколку чекори ќе може да ги купат посакуваните производи. Со оваа иновација Тинекс ги доближува потрошувачите до светските начини на пазарење.

По повод отворањето Тинекс и Космо подготвуваат многу атрактивни акции, промоции и изненадувања за сите потрошувачи, а ексклузивно за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот, ќе бидат организирани специјални понуди.

Погледнете ги сите акции на следните линкови:

Cosmo – https://fliphtml5.com/ufrxs/guyj

Tinex –  https://fliphtml5.com/ufrxs/dnzx

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе