По средбата на претставници на енергетскиот сектор со министерот за економија Крешник Бектеши заклучено е дека нема услови за воведување на кризна енергетска состојба, како можна мерка за проблемите со производство и снабдување со струја.
Како што јавува новинарката на Телма, Александра Филиповска, министерот Крешник Бектеши тврди дека состојбата ќе биде стабилна до Нова година.
-Сакам да ги убедам граѓаните дека до наредната година нема да има покачување на цените затоа што цената на струјата веќе е утврдена, рече Бектеши.
Министерот Бектеши изјави и дека нема доволно резерви на јаглен, но пред новинарите не прецизирал за колку дена има резерви.
Поради тоа се увезува јаглен за да се задоволи производството на енеергија, откако во работа е пуштен уште еден блок на РЕК Битола.