Економија Македонија Најважни

Бектеши: Нема да поскапи струјата до крајот на годината а за потоа нема гаранции

Гаснење на уличното осветлување и рестрикции кога може, а кога не да се користи електричната енергија – нема да има до крајот на годинава.

Нема услови за прогласување на кризна енергетска состојба – уверува  министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот со претставниците на енергетските компании.

По алармите од експертите и смирувачките тонови од владата дека состојбата е под контрола – сепак Бектеши за прв пат се послужи и со Уредбата кога се прогласува кризна состојба.

Министерот уверува дека струја ќе има до Нова година, и дека до тогаш нема да се покачи ниту цената за граѓаните.

Но, не гарантира за од 1 јануари. Вели – тоа никој не знае. Само се надева дека нема да има вонредно покачување на цената на струјата за домаќинствата.

“Зборуваме за светска криза. И нашиот енергетски сектор и мрежата анша енергетска секако е поврзана со европската. И никој не може да гарантира од денеска за тоа што ќе им се случи од 1 јануари натаму. Јас можам да гарантирам дека ние на дневна база ќе ги разгледаме сите можности, се со цел да излеземе во пресрет и да немаме таква криза” – изјави министерот за економија , Крешник Бектеши.

Бектеши потврди дека ЕСМ произведува само 50 проценти од потребната електрична енергија за земјава.

Но и дека нема јаглен, но не кажа за колку денови имаме резерви. Вели затоа  увезуваме. Но за тоа дали ќе се бара одговорност од првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски, топката ја префрли кај Владата.

Ковачевски пак ги избегна камерите. По прозивките од директорот на МЕПСО Рамадани дека ЕСМ не произведува ниту половина од потребната струја за што без најава влечеме од европската енергетска мрежа за што само месецов треба да се платат над 15 милиони евра, и дека е можно да се соочиме со рестрикции на струја, Ковачевски вчера смируваше дека струја има и цената нема да се покачи до Нова година.

Контра власта, пак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди состојбата е алармантна и лошо се менаџира.

Бектеши се надева дека ќе набавиме јаглен и ќе се активираат и другите енергетски капацитети во земјава. Доколку пак не успее и овој тендер и состојбата се влоши, не ја исклучува можноста Комисијата пак да се состане и да побара од Владата воведување на кризна состојба.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе