Вести Локални избори 2021 Македонија

Нови пензионерски домови во Центар и двојно повеќе луѓе за нега на возрасните, најавува Герасимовски

Четири нови пензионерски домови најави Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник од општина Центар од СДСМ и Коалицијата. Се проширува и услугата Центар се грижи за возрасните кои ги опфаќа лицата над 60 години и се зголемува помошта за лицата со најниски пензии.

-Возрасните лица во општина Центар се високо поставени на листата на приоритети затоа што негата и грижата за возрасните е наша должност која треба да ја возвратиме кон оние кои цел живот се грижеле за нас. Затоа во општина Центар ќе отвориме четири нови пензионерски клубови во Капиштец, кај Универзална сала, во Крњево и Кале. Така пензионерите во нашата општина ќе добијат и повеќе активности за социјализација и дружење и преку различните активности ќе го збогатуваат своето секојдневие. Натпреварите кои се одржуваат на ниво на град Скопје во шах, пикадо, табла ќе ги развиеме и истите ќе ги поддржиме со награди, изјави кандидатот за градоначалник на Центар Герасимовски.

Тој најави: Двојно се зголемува и негата за стари лица во домашни услови преку проектот Центар се грижи за возрасните. Па така покрај бесплатната нега од сертифициран негувател, медицинска сестра, физиотерапевт и социјален работник пензионерите кои ја користат услугата ќе ги посетува и матичен лекар еднаш во месецот.

Герасимовски ветува и зголемување на бројот на социјални пакети за пензионерите со што во иднина секој месец општината ќе доделува околу 200 пензионерски пакети за 200 пензионери со најниски примања во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе