Дијаметрално спротивни ставовите на директорите на двете државни компании од енергетскиот сектор СЕМ и МЕПСО, околу тоа дали ќе се влоши енергетската криза и дали ќе има рестрикции или не.
Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, тврди дека ниту ќе има покачување на цената која ќе ја плаќаат граѓаните, ниту пак ќе има рестрикции. Производството е е стабилно и допрва ќе се зголеми со вклучување на речиси сите капацитети со кои располага државата. Од денеска во функција е и Блок 2 во РЕК Битола.
Ковачевски тврди дека со дополнителното производството ЕСМ ќе има струја и за стопанството, а не само домаќинставата.
Со колакави залихи на јаглен располага ЕСМ и колку време би можеле тие да се користат за РЕК Битола да работи под полн капациетет, прецизен одговор нема.
Владата контра МЕПСО. Струјата се повлекува од европската енергетска мрежа поради приватните компании кои не успеале да набават доволно количество и тие треба да платат.
Во однос на повлекувањата на електрична енергија од регионалните системи, Ве информираме дека постојат Правила за балансирање кои произлегуваат од Законот за енергетика. Во нив е јасно утврдено дека операторот на електропреносниот систем им фактурира на учесниците на пазарот на електрична енергија за настанатите отстапувања од најавените физички трансакции, по цени пресметани во согласност со методологијата за пресметка за надоместок за услугите на балансирање утврдени во правилата за балансирањето на електроенергетскиот систем. Ова значи дека тие потрошувачи што правеле дисбаланси испорачувајќи помалку струја, ќе треба да ги подмират трошоците за настанатата состојба, велат од владата.
А информациите на ТЕЛМА се дека ЕСМ во моментов има прозиводство од околу 160 мегавати на час.
Само за илустрација вчера само за еден час беа потрошени 385 мегавати повеќе отколку што беа произведени или увезени.
За да се одржи енергетскиот систем МЕПСО превзема, без најава, електрична енергија од европската електрична мрежа и поради тоа веќе се пристигнати 4 опомени од централата во Женева, Швајцарија. Само во саботата прзвемени се речиси 6 илјади мегавати за кои МПЕСО е должен 1,2 милиони евра, а таа сума вчера е повисока.
На крајот на месецот МЕПСО ќе треба да плати над 15 милиони евра кон производителите на струја во странство, со што се доведува во прашање ликвидноста на државната компанија.
Од МЕПСО бараат од Владата финансиска помош од 30 милиони евра со кои би се покриле загубите, на што Владата одговори дека тоа е можно после изборите и доколку се усвои таква одлука.
Огнен Чанчаревиќ