Премиерот Зоран Заев вечерва во интервју за ТВ Сител повтори дека ќе си замине од премиерската позиција доколку неговата партија загуби во вториот круг од локалните избори во Скопје.
Заев рече дека поразот во главниот град, ќе значи и крај за неговото раководење на владата, но не и крај на владеењето на СДСМ.
Владата ќе добие нов премиер од редовите на СДСМ по локалните избори, кажа премиерот Зоран Заев во интервјуто за Сител.
-Скопје е влада во влада. Не можете да бидете лидер и да водите напред, ако се случи да имате спротивставени локални власти. Седејќи дома граѓаните помагаат да се врати режимот, порача Заев кој објаснува дека неговата порака е насочена кон мобилизација на граѓаните пред вториот круг затоа што не може да прифати да има „општини кои го шират национализмот, конзерватизмот и ги делат граѓаните на етничка основа“.
Како е замислено решението на проблемот со струја- се огласи премиерот Заевр